Ветерот го отежнува гаснењето на пожарот кај Буковиќ, гори дабова шума

Макфакс

17/08/2019

15:42

392

Големина на фонт

а а а

Ветерот и тешко пристапниот терен го отежнуваат гаснењето на пожарот кој изутринава околу 10 часот избувна на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена е дабова и деградирана шума.

Гори поголема површина, а во гаснењето на пожарот се вклучени три противпожарни возила. Силниот ветер влијае на неконтролирано ширење на пожарот на сите страни. Засега нема опасност од негово приближување кон селата. Во гаснењето на пожарот е вклучено и месното население.



Спонзорирани линкови

Маркетинг