Бурата околу сомнителната смрт на американскиот педофил, Џефри Епстајн, сè уште не стивнува, а во медиумите ширум светот одекна и веста дека тој во својот дом чувал слика од некогашниот претседател Бил Клинтон.
Но, тоа не би било толку необично Клинтон да не беше насликан како седи во фотелја во провокативна поза, и тоа во син фустан и со црвени високи потпетици.
A portrait of @BillClinton sporting Monica Lewinsky's blue dress and red heels in the Oval Office, was found in #JeffreyEpstien 's "Pedo Mansion" pic.twitter.com/Dbtz7cK4yZ
— Jared W. (@ThePhotoJay) August 14, 2019
Се претпоставува дека столчето на кое Клинтон седи на сликата се наоѓа во Овалната канцеларија во Белата куќа, бидејќи се гледа дел од препознатливиот син тепих.
If you thought that was weird check out this collage put together by @DailyMail of a similar if not the same dress worn by @HillaryClinton and just look how @BillClinton sits 😶 pic.twitter.com/5itW1tGJTB
— Jared W. (@ThePhotoJay) August 15, 2019
Иако многумина истакнале дека синиот фустан е референца на Моника Левински (синиот фустан бил еден од клучните докази дека младата приправничка имала афера со претседателот), тој всушност потсетува на фустанот кој Хилари Клинтон го носела на приемот во Центарот Кенеди во 2009 година.
Сликата под називот “Parsing Bill” ѝ се припишува на австралиско-американската уметница Петринa Рајан Клајд. Таа конечно се огласила, велејќи дека немала претстава дека нејзиното дело имало почесно место во вилата на Епстајн на Менхетен.
“Во 2012 година, додека ги завршував студиите на Њујоршката академија на уметностите, насликав неколку слики од претседателите Клинтон и Буш, што беше дел од мојот магистерски труд. Кога академијата ги стави делата на аукција, сликата на Бил Клинтон ја купи еден од посетителите, но не знам кој беше тој. Како што е случај со повеќето мои слики, и на оваа ѝ ја изгубив трагата, така што беше потполно изненадување кога чув дека е пронајдена во домот на Џефри”, изјавила уметницата.
Ова несекојдевно масло на платно било закачено на ѕидот на многу истакнато место.
“Ја гледате веднаш штом ќе влезете, секој кој ќе ја видеше, се смееше”, изјавил еден извор.
Тоа не била единствената чудна работа која Епстајн ја чувал во вилата. Помеѓу “експонатите” се наоѓале и препариран тигар и пудлица, кукла облечена во венчаница која висела од плафонот, а поседувал и слика од 5,6 милиони долари на која жена ги прекрива своите голи гради.