Додека принцезата бегалка се бори за старателство на лондонскиот суд, еве што прави нејзиниот брат, кралот на Јордан, во истиот град

Точка

16/08/2019

19:33

3.934

Големина на фонт

а а а

Кралот на Јордан, Абдулах Втори, минатата недела го посетил британскиот премиер Борис Џонсон, додека неговата сестра, принцезата Хаја се крие во Лондон, откаде започнала бракоразводна постапка против својот сопруг, владетелот на Дубаи, шеик Мухамед бин Рашид Ал Мактум.

Кралот со премиерот на работниот ручек разговарал за сириската бегалска криза, бидејќи двете земји се долгогодишни сојузници на блискиот исток. 

Во меѓувреме, неговата сестра се наоѓа на тајна локација во Лондон, откаде се бори да го добие старателството над своите деца и да спречи тие да бидат вратени кај нејзиниот сопруг во Дубаи. Таа од британскиот суд барала наредба против малтретирање и налог за заштита од принуден брак.

Портпаролот на владата рекол дека кралот и премиерот разговарале за партнертството и пријателството на нивните земји, и не е познато дали една од темите бил и разводот за кој многумина оцениле дека би можел да предизвика дипломатска криза.

Кралот Абдулах минатиот месец два пати ги посетил Обединетите Арапски Емирати, а дипломатски извори велат дека поводот за посетата е обид да се спасат добрите односи со заливската земја во екот на судската битка.

Извори блиски на принцезата Хаја велат дека одлучила да отвори бракоразводна постапка во Лондон за да не ги расипува односите меѓу својот сопруг и својот брат, пренесува "Daily Mail".




Спонзорирани линкови

Маркетинг