Меси ќе го пропушти првиот натпревар од сезоната

Точка

16/08/2019

10:04

799

Големина на фонт

а а а

Барселона вечерва ќе ја отвори новата сезона од шпанска Примера на гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Сепак, Лионел Меси нема да му биде на располагање на Валверде за вечерашниот натпревар поради повреда која ја претрпи пред неполн месец.

Меси поради истата повреда ги пропушти подготвителните натпревари на Барселона во САД, како и пријателските натпревари против Наполи минатата седмица.

Аргентинецот ја заработил повредата на тренинг и од тогаш тренира одвоено од своите соиграчи. Поради тоа, Валверде одлучи воопшто да не ризикува евентуална нова повреда, па Меси и дефинитивно ќе го пропушти првиот натпревар од новата сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг