Фатиме Фетаи: „Сочно ја опцув Јанева поради нејзината наредба да нè претресуваат полицајци на влез во СЈО“

Точка

15/08/2019

18:03

7.974

Големина на фонт

а а а

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска донела наредба за претресување на сите вработени во СЈО.

Додека Јанева преку својата прес-служба ги демантирала овие наводи, обвинителката Фатиме Фетаи во изјава за ТВ24 ги потврдила шпекулациите. Фетаи денеска жестоко се спротиставила на ваквата одлука на својата шефица, откако била запрена од службено лице на влезот во СЈО.

Фетаи денеска двапати била претресувана при влез на работното место во СЈО, по наредба на Катица Јанева. Кога полицаецот на влезната врата ѝ објаснил дека има наредба од Јанева да го претресе секој вработен, при секој негов влез во зградата на СЈО, Фетаи, велат очевидци на настанот, се шокирала и реагирала многу бурно.


„По вториот претрес, обвинителката Фетаи првин луто гледаше во безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата Јанева. Беше многу навредена. Потоа ја плукна камерата и рече: ’Пу, јаз’к!‘“, велат очевидците.

Фетаи потоа се стрчала горе во нејзината канцеларија да бара објаснување зошто Јанева ги понижува обвинителите и вработените во СЈО на ваков начин. Но, не ја нашла. По извесно време пак отишла кај неа, но наишла на затворена врата. Секретарката не ја пуштила внатре.

Фетаи за медиумите рече дека одбила да биде претресувана бидејќи е обвинител, а не осомничена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг