Кулминација на тензичната атмосфера во СЈО: Без претрес на обвинителите по наредба на Јанева, нема влез и излез од СЈО!

Точка

15/08/2019

17:52

3.538

Големина на фонт

а а а

Според информациите од повеќе македонски медиуми, Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска наредила сите вработени во Специјалното јавно обвинителство да бидат претресувани при влез и излез од зградата на институцијата.

Оваа наводна одлука на Јанева не им се допаднала на вработените и другите обвинители, кои бурно реагирале поради претресите.


Катица Јанева следниот вторник ќе даде исказ и ќе биде сослушана од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција, по што ќе се знае каков ќе биде нејзиниот статус во истрагат за случајот „Рекет“.

Според неофицијални информации, тензиите во СЈО започнале во понеделникот по одржување на колегиум на обвинителите.