Ливерпул се покажа како поуспешен во пенал рулетот и придодаде уште еден европски трофеј

Дерби

15/08/2019

00:57

2.080

Големина на фонт

а а а

Европскиот шампион Ливерпул во своите витрини ќе го придодаде и трофејот од УЕФА Суперкупот, откако оваа вечер излезе како победник во исклучително возбудливиот меч кој го понудија избраниците на Јирген Клоп и оние на Френк Лампард.

Челси се покажа како исклучително квалитетен и храбар противник без оглед на незгодниот пораз кој го претрпе од Манчестер Јунајтед, па на моменти беше и подобар ривал од победникот во Лигата на шампионите. Во еден крајно изедначен дуел со многу шанси на двете страни, во завршницата како одлучувачки се покажаа пеналите, а во рулетот поголемо искуство имаа играчите на Ливерпул.

Сите пет изведувачи на „црвените“ беа прецизни, додека како трагичар за Челси се покажа младиот Абрахам кој не го реализираше последниот пенал во петтата серија. Претходно, при резултат 2:2 во продложенијата, Абрахам имаше и стопроцентна шанса за обезбедување на трофејот, но од непосредна близина лошо ја зафати топката и ги остави во игра избраниците на Клоп.

Инаку, во овој дел од играта по еден гол постигнаа Садио Мане и Жоржињо, додека во регуларниот дел беше 1:1 откако Челси поведе со голот на Жиру, а Ливерпул израмни со погодокот на Мане.

Суперкуп натпреварот во Истанбул секако ќе се памети и по тоа што за првпат во историјата главен судија беше жена, а мора да се истакне дека Французинката Фрапар и нејзините асистентнки завршија феноменална работа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг