Најголемата добивка во историјата на земјата: Купил тикет за 2 евра и добил рекордни 209 милиони!

Точка

15/08/2019

11:30

2.314

Големина на фонт

а а а

Најголемата добивка во историјата на италијанската популарна лотарија “SuperEnaloto” вредна 209 милиони евра беше извлечена вчера, а среќниот тикет бил купен во местото Лоди.

Добитникот за две евра го купил добитниот тикет во барот „Марино“ со што ја доби неверојатната рекордна добивка од 209 милиони евра.

Оваа добивка ја надмина лотаријајта „Еуромилиони“ и „Еуроџекпот“ каде што најголемиот износ изнесуваше 75 милиони евра, како и познатите американски лотарии „Мега Милиони“ и „Пауербол“ каде што рекордните добивки изнесуваат 65 и 138 милиони долари (околу 58 и 123,5 милиони евра).



Спонзорирани линкови

Маркетинг