Велика Британија излегува од ЕУ, но ја продолжува соработката со шпионските служби: Алијансата "Пет очи" помоќна од било кога!

Точка

13/08/2019

19:06

1.146

Големина на фонт

а а а

Британските разузнавачки агенции, очекуваат, и покрај плановите за излегување од ЕУ, и натаму да одржуваат блиски односи со европските и другите шпионски служби, објавил "Reuters".

Рокот за излегување на Британија од ЕУ е 31-ви октомври, а во тој контекст се поставуваат прашања дали сегашните договори за размена на разузнавачки податоци со партнерите од Унијата, од податоци за патници до налози за апсење, може да бидат загрозени, пишува британската агенција. 

"Reuters" нагласува дека условите за "развод" се уште се нејасни и дека постои увереност дека безбедносната соработка нема да биде загрозена, имајќи ја во предвид потребата на Западот за единство во одбрана од заканата од исламските екстремисти и крајната десница.

"Брегзит не би требало да влијае на силата на нашето европско партнерство", рекол извор на британската влада упатен во активностите на една шпионска агенција, додавајќи дека, инаку, размените на разузнавачките податоци во поголем дел се вршат надвор од институциите на ЕУ.

Друго мислење е дека британските агенции, вклучувајќи ги и MI6, не очекуваат пореметување во односите со странските служби, што и да се случи.

Од Втората светска војна, Лондон одржува посебно силни разузнавачки врски со САД и другите членови на таканаречената алијанса "Пет очи", која ја опфаќа и Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Таа соработка, според наводите на изворите, е "посилна од било кога".

Уште еден извор наведува дека контактот меѓу службите на меѓународно ниво ќе продолжи како билатерално, така и преку "Групата за борба против тероризам", односно неофицијалната група од службеници од внатрешнобезбедносните служби.




Спонзорирани линкови

Маркетинг