Српски "Курир": Што ѝ рекол Боки 13 на полицијата - Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка

Точка

10/08/2019

13:03

10.321

Големина на фонт

а а а

Ќе паднат многу политичари. Имам докази против државниот врв. Се од прва рака. И се е оставено на безбедно, на неколку адреси. Ако ми се случи нешто, ќе дојде до политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, рекол Јовановски.

На Северна Македонија и се заканува политички земјотрес, и тоа поради уапсениот водител Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој се заканил дека, ако му се случи нешто во затвор, ќе падне владата на премиерот Заев, открива српски Курир. 

Јовановски, како што пишува српскиот портал, на полицијата на сослушувањето и рекол дека има докази против Заев и неговите соработници, меѓу кои е и советникот на премиерот Зоран Башановиќ. Како што навел, доказите за вмешаност во аферата Рекет ја сочувал на безбедно, и тоа на повеќе адреси.

Многумина ќе паднат

Боки 13, потсетуваме, е обвинет за рекетирање на бизнисменот Јордан Камчев, од кој земал 1,5 милиони евра во кеш, за Катица Јанева да не поднесе барање за продолжување на неговиот притвор.

"Ако ме убиете во затвор, ќе паднат многу политичари, а тука мислам на Заев и неговата влада. Имам докази против Заев и државниот врв. Се од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мајка ми и на уште неколку адреси. Ако ми се случи нешто, ако ме убиете, обесите и тоа се обидете да го претставите како самоубиство, ако ме тепате, мачите, заплашувате, убаво ви кажувам сега, да не биде после дека не сте знаеле, во Македонија ќе има политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден ако ми фали влакно од глава", рекол Јовановски на сослушувањето.

Сериозни играчи

Извор на Курир од Македонија открива дека овие закани не се воопшто наивни.

"Ова е голема афера, сериозни луѓе и огромни пари се во игра. Во Македонија велат дека ќе има крв. Боки 13 рекетирал многумина. Случајот Камчев е само врвот на ледениот брег", вели изворот на српски "Курир".

Изворот додава, дека освен со Заев и Јанева, Боки 13 одржувал блиски контакти и со други македонски политичари.

Потрес во регионот

"Се гледал со министерот на полицијата Оливер Спасовски и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, како и со Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ, партија на чие чело е Заев. Кирацовски поднел оставка на таа функција во мај, кога истото го направиле и Спасовски и Шилегов, до тогаш потпретседатели на СДСМ. Покрај нив, Боки 13 одржувал врски и со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски", наведува изворот на Курир и додава дека контроверзниот водител се гледал и со странски дипломати, меѓу кои биле и амбасадорите на Словенија, Велика Британија...

Инаку, оваа афера одекнала ширум регионот, а голем интерес покажуваат и светските медиуми. Италијанскиот портал Лаверита во четвртокот објавил снимка на која се гледа дека Боки 13 со својот пријател Зоран Милевски, кој исто така е уапсен, земал 1,5 милиони евра во кеш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг