Палмер: Решавањето на случајот „Рекет“ е клучно за почеток на преговорите со ЕУ

Нетпрес

05/08/2019

14:27

1.328

Големина на фонт

а а а

Американскиот заменик помошник државен секретар, Метју Палмер, во интервју за Гласот на Америка на српски јазик вели дека без решение за истрагата за случајот „Рекет“ во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да се поткопаат изгледите на Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

„Ова се сериозни обвинувања и таквите сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ние поддржуваме целосна, темелна и транспарентна истрага на овие обвиненија и, ако има докази, и соодветно обвинение. Ова е навистина можност за властите во Северна Македонија да демонстрираат почитување на владеење на правото“, вели Палмер.

Освен решавањето на случајот „Рекет“, според него важно е и донесувањето на Законот за јавното обвинителство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг