Костадинов: Заврши времето кога политичарите бираа јавни обвинители

Макфакс

04/08/2019

16:10

1.767

Големина на фонт

а а а

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека заврши времето кога политичарите бираа јавни обвинители а судството се контролираше од белиот дворец, изјави портпаролот на ВМРО-ДОМНЕ, Костадин Костадинов, кој рече дека денес борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна и не познава никава припадност, а најмалку политичка.

„Само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против правдата, ги кочат реформите во судството и Законот за јавно обвинителство. На преговорите што се водат за овој закон, ВМРО-ДПМНЕ за свој претставник го испрати Антонио Милошоски, осоминчен во случајот „Моќничќ“ и главен дезинформатор во белиот дворец. Наместо да побара веднаш оставка, Христијан Мицкоски го топори Милошоски со што потврди уште еднаш: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се водат по инструкциите од Будимпешта, по насоките на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски“, рече Костадинов.


Партискиот портпарол додаде дека само во последните два месеца, Милошоски двапати бил фатен во сериозни лаги кои го нарушуваа угледот на државата.

„Неговите лаги дека седум земји се противеле да започнеме преговори со ЕУ и дека наводно бизнисмен бил рекетиран и барал помош од Амбасадата на Белорусија во Белград, беа експресно демантирани од претсавници на ЕУ, како и од Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје. Тоа кажува каков е нивниот однос кон државата и граѓаните, нечесен, лажен. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е Мицкоски. Дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против правдата е јасно одамна“, рече Костадинов.

Тој додаде дека од таа причина, Мицкоски за нов шеф на новот Јавно обвинителство го предложил Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг