Борисов се извини: Моја грешка е што реков северномакедонци

Макфакс

01/08/2019

12:01

4.967

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов се извини што рекол „северномакедонци“ во едно негово обраќање. Тој вели дека станува збор за грешка.

„Моја грешка е што реков северномакедонци, извинете. Граѓани на Северна Македонија, простете но јас не сакајќи тоа го кажав и беше претставено како да сакам некој да убијам. Не сакам да се извади некоја реченица од контекст“, рече Борисов.

Бугарскиот премиер на почетокот од месецов најавувајќи го славењето на Илинден рече дека „северномакедонскиот премиер“ заедно ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев, а според бугарските медиуми по средбата со Стево Пендаровски во Сараево, бугарскиот премиер рекол дека „северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој ги кажал нештата на најправилен начин.

Заев најави протесна нота, но таа не стигна до Софија.

Борисов: Не сакам ни да помислам дека ќе ја блокираме Македонија во НАТО

Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов вели дека е време да се заврши со конфликните теми поврзани со историјата. Борисов вели дека сите херои се бореле за една цел и се надева дека историчарите ќе вложат огромни напори за да се решат историските прашања. Тој вели дека не сака да помисли дека неговата држава ќе ги блокира интеграциите на Северна Македонија во НАТО.

„Дури не би сакал да мислам дека може да дојде до такво прашање, Бугарија да ја попречува Северна Македонија за членство во НАТО. Недозволено е јас да кренам рака против Северна Македонија. Ние да дозволиме да ја блокираме Македонија? Не сакам ни да помислам. Ако кажам “да ќе гласам против“, тогаш колегата ќе треба да каже „добро де и ние ќе бидеме против“. Тука нема ни едно ритче да нема погинато човек и сега да да поставиме вакво прашање?“, рече Борисов одговарајќи на прашање.

Борисов е дециден дека до октомври ќе се реши чиј херој е Гоце Делчев, но потенцираше дека и тој има граници и дека не сака да биде предавник на Бугарија.

„Сите херои за кои спориме ние, се жртвувале за ние да стоиме тука заедно. Тие мечтаеле да се има автономија, да се има мир. Се надевам дека историчарите, не само што нема да попречуваат туку и ќе вложат огромни напори за да го најдат правилното во историјата, што ќе не обединува за заедно да можеме да се поклониме на гробовите. Овие луѓе го дале својот живот и имале цел. Што имаме ние пакосно направено? И од наш заеднички интерес е да бидете во НАТО. Денес обновуваме споменик кој што е срушен, еден човек погинал за да ги сочува своите војници. Комисиите треба да седнат и да разберат дека имаат историска задача и до октомври да се завршат овие теми. Инаку поверувајте дека би било повредливо за јунаштвото. Јас исто така имам граница, бидејќи би бил предавник на Бугарија“, додаде Борисов.

Бугарскиот премиер најави дека нема да коментира ништо повеќе во однос на тоа чиј е Гоце Делчев се додека комисиите не постигнат договор.

„Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата на Македонија. Тоа беше изјавата. За да не ми поставувате во иднина вакви прашања, обратете се до Ангел Димитров, член на комисијата и ќе добиете одговор. Тој може да ви даде одговор. Кога ќе ми ја дадат папката со тоа што е договорорено, тогаш Бугарија ќе реши што ќе прави. Згрешив, тогаш згрешив“, објасни Борисов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг