Борис Џонсон има девојка, а уште не се развел од сопругата, со која има четири деца

Точка

26/07/2019

19:18

3.782

Големина на фонт

а а а

Џонсон сам влегол во резиденцијата, додека неговата девојка стоела на страна.

Додека масата луѓе се собрала за да го испрати новиот премиер Борис Џонсон како влегува во Даунинг Стрит 10, сите очи биле насочени во неговата девојка Кери Сајмондс. Таа од страна гледала како нејзиниот партнер сам влегува во славната резиденција. 

Повеќето нови премиери досега пред Даунинг стрит позирале со своите партнери, но Џонсон својата поубава половина ја оставил надвор, заедно со персоналот.

Британските медиуми ова го опишале како "ненамерен" потег, за таа да не го "засени" и да му ја украде славата.

Парот е под будното око на медиумите откако почнале да се забавуваат минатата година, но никогаш не сакале да зборуваат за својата врска.

Новиот премиер уште е во бракоразводен процес од сопругата Марина Вилер, со која бил во брак 25 години и имаат четири деца.

Николас Ален, предавач на Универзитетот во Лондон, рекол дека би било "индискретно" ако Џонсон во вилата влегол со девојката.

"Тешко му беше да влезе во Даунинг стрит со другата жена, кога технички уште е во брак со сопругата. Тоа би се сметало за индискретно", сугерирал тој.

Одлуката Кери Сајмондс да не позира со партнерот отворила низа нови прашања: кога и дали таа воопшто ќе се всели во резиденцијата?

Џонсон досега неколку пати одбил да одговори на прашањето дали "првата девојка на нацијата" ќе се всели во Даунинг стрит.

"Не зборувам за луѓето што ги сакам. Тие не можат да зборуваат сами за себе и вие ги вовлекувате во контроверзи и расправи кои, по моето мислење, не ги заслужуваат", рекол Џонсон.

Британските медиуми пренеле претходно дека Сајмондс ќе живее со Џонсон во четирисобен стан во Даунинг стрит 11.

Доколку тоа се случи, тие ќе бидат првиот невенчан пар кој некогаш живеел во резиденцијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг