Се огласи жената која беше физички нападната од таксист: “Ме нападна затоа што не сакаше да ми раситни пари за такси услугата”

Точка

26/07/2019

21:01

25.315

Големина на фонт

а а а

Вчера на социјалните мрежи масовно се споделуваше видеото на кое се гледа како таксист напаѓа жена која се обидува да му направи штета на автомобилот.

Во инцидентот кој се случил на улицата во близина на хотел “Континентал”, насилникот дошол и жестоко ја турнал жената, по што таа паднала и останала да лежи на земја. Мажот кој ја нападнал оваа жена бил таксист и веднаш избегал од местото на настанот.  

Денеска се огласи и жената која беше нападната. Станува збор за 30-годишната Добрила Стефановска која за Канал 5 ја објаснила причината зошто дошло до инцидентот.

“Тој ме нарече наркоманка и ми кажа да излезам од автомобилот, а јас од нервоза му го фатив бришачот, по што тој ме турна, а јас паднав на земја”, изјавила Стефановска.

Од Град Скопје велат дека се работи за лиценциран таксист кој не возел за такси компанија туку работел самостојно. Тие ја чекаат разврската од полицијата, но не ја исклучуваат можноста за одземање на лиценцата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг