Русокос сине, дојди кај нас: Турското село Калфат, откаде Џонсон влече корени го прославило успехот на Борис

Точка

26/07/2019

17:24

5.070

Големина на фонт

а а а

Мештаните на Калфат го повикале Џонсон да ги посети уште кога бил градоначалник на Лондон.

Победата на Борис Џонсон во трката за премиер на Велика Британија ги израдувала мештаните на малото село Калфат во Турција, откаде новопечниот премиер и тврдокорен "брегзиташ" влече корени, пренесува турски "Хуриет". 

"Од нашето село потекнува човек кој може да има влијание на целиот свет. Почестени сме со тоа и горди сме на Борис", рекол Мустафа Бал, жител на селото Калфат во округот Орта во покраината Чанкири.

Бал исто така рекол дека меѓу жителите на Калфат, семејството на Џонсон се нарекува "Сариоџлангилер", што во буквален превод значи синови на русокоси.

"Русокосиот Борис потекнува од тоа семејство", додал тој.

Џонсон го канеле да го посети Калфат уште кога ја вршел должноста градоначалник на Лондон. Бал додал и дека жителите на Калфат сакаат да го видат таму, посебно сега кога станал премиер на Велика Британија.

Друг жител, Селин Баришкан, му честитал на Џонсон и рекол дека жителите очекуваат помош од него во решавање на проблемите на селото.

Челникот на селото, Бајрам Тавукчу, му честитал на новиот премиер на Велика Британија и истакнал дека би среќен кога жителите би имале можност да отпатуваат во Лондон за да се сретнат со својот "соселанец" Борис.

Неговиот прадедо Али Кемал исто така бил политичар

Прадедото на Џонсон, Али Кемал, бил отомански новинар и политичар. Три месеци бил министер за внатрешни работи во владата на Дамат Ферит Паша. Исто така бил на положбата министер за образование.

Таткото на Кемал, Хаџи Ахмет Риза Ефенди, е роден во Калфат во 1813-та година.

Како противник на турската војна за независност од 1919-1923, Кемал живеел во егзил во Европа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг