Вчеравечер многумина не спиеле добро, а причината за тоа е редок атмосферски феномен

Точка

26/07/2019

21:58

14.601

Големина на фонт

а а а

Кога дневните температури надминуваат 30 Целзиусови степени, а ноќе температурата не опаѓа под 20 степени, домот не може да се разлади како што треба, па затоа спиењето станува речиси невозможно.

Особено доколку се случи она што вчеравечер се случило во Велика Британија. Имено, синоќа бил забележан т.н. “heat burst” или топлотна експлозија. 

Околу 22:10 часот бил забележан нагол пораст на температурите од 10 степени и тогаш биле измерени неверојатни 32 Целзиусови степени. Метеоролозите објаснуваат дека до топлотната експлозија дошло поради грмотевиците на небото кои брзо донеле топол воздух на површината.


Ова е класичен пример на топлотна експлозија, редок атмосферски феномен кој го карактеризираат ветрови со нагол пораст на температурите и намален степен на влажноста на воздухот. Температурата нагло пораснала на 32 степени околу 22:10 часот, за по 10 минути повторно да опадне на 22 степени.

Многу Британци на социјалните мрежи се жалеле дека вчера било неиздржливо топло и дека се почувствувал скок на температурите кога природно би требало да биде посвежо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг