Се топи западот на Европа: Соборен е температурен рекорд векови стар, најлошо е во Бордо! Сè повеќе жртви на топлотниот бран

Точка

25/07/2019

19:53

3.655

Големина на фонт

а а а

Додека францускиот град Бордо соборува температурни рекорди, Западна Европа се подготвува за вториот топлотен бран ова лето.

Во вторникот во Бордо е забележана температура од 41,2 степени и така во овој град бил соборен рекорд од 2003-та година, кога живата во термометрите била на 40,7 степени. 

Метеоролозите предвидуваат рекордни температури во Европа цела недела, а најтопло ќе биде во Белгија, Германија и Холандија. Во белгискиот град Клајне Брогел, во провинцијата Лимбург, измерени се 39,9 степени Целзиусови, што е највисока температура измерена во тој град од 1833-та година.

Во јужниот холандски град Ајндховен измерени биле 39,3 степени, со што е соборен 75-годишен национален рекорд во највисока измерена температура.

Француските власти наведуваат дека како последица на топлотниот бран починале пет лица.

Според прогнозите, во Париз утре се очекуваат околу 42 степени целзиусови, додека највисоката температура измерена во француската престолнина е измерена летото 1947-ма година, кога живата во термометрите достигнала 40,4 степени.

BBC наведува дека Париз го снашла најголема суша во последните 150 години. Во делови од Франција е прогласен портокалов метеоаларм - второ највисоко ниво на предупредување.

Во Луксембург, каде утре температурите би можеле да достигнат 40 степени, црвен метеоаларм бил прогласен за југот на земјата и за престолнината. Температурите во Европа ќе бидат над 40 степени.

Белгија издала црвен метеоаларм кој важи на територијата на целата земја. Црвен метеоаларм е на сила и во Шпанија, но само во регионот Сарагоса, кој минатиот месец имал големи проблеми поради пожарите, додека експертите наведуваат дека постои голема опасност од пожари во Шпанија и Португалија.

Холандската влада активирала "национален план за борба против горештините".

Се очекува температурите во Велика Британија да бидат над 35 степени - што исто така би можело да собори некои рекорди.

Температурните рекорди во јуни биле соборени во Чешка, Словачка, Австрија, Андора, Луксембург, Полска и Германија. Според податоците од крајот на 19-тиот век, просечната температура на глобално ниво пораснала за еден степен по доаѓањето на индустриализацијата.

Климатолошкиот институт во германскиот Потсдам наведува дека од сите најтопли лета од 1500-та година се забележани во 21-виот век.



Спонзорирани линкови

Маркетинг