Не се откажува од милијардите: Трамп ставил вето на три резолуции на Конгресот! Не сака да се откаже од продажбата на оружје на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати

Точка

25/07/2019

11:09

1.423

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ставил вето на три резолуции на Конгресот чија цел е да блокираат неговата администрација на Саудиска Арабија и ОАЕ да им продаде оружје вредно милијарда долари.

Минатиот месец, државниот секретар Мајк Помпео ги навел заканите од Иран како причина да се одобри продажба на оружје вредно 1,8 милијарди долари на ОАЕ и Саудиска Арабија, сојузници на САД во Персискиот залив. 

Членовите на Конгресот биле разлутени од одлуката на Трамп да продаде оружје и да избегне одобрување од законодавците, поради што демократите и републиканците се здружиле да ја блокираат одлуката на Трамп.

"Срамното вето на претседателот ја погазува волјата на двопартискиот и дводомен Конгрес и го продолжува учеството на неговата администрација во ужасниот конфликт во Јемен, кој претставува дамка на совеста на светот", изјавила претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси.

Конгресменот Елиот Енгел изјавил дека одлуката за вето на Трамп е "шлаканица во лицето" на Конгресот и ја обвинил администрацијата на Трамп дека наводните закани на Иран ги користи како изговор да продаде оружје.

"Ветото праќа порака дека американската надворешна политика повеќе не е вкоренета во нашите темелни вредности - почитување на човековите права, како и дека Конгресот не го гледа како еднаква гранка на власта, туку како нешто што треба да се избегнува или игнорира", рекол Енгел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг