Борис Џонсон и официјално од денеска е премиер: „Моја работа е да му служам на народот“

Точка

24/07/2019

20:05

2.554

Големина на фонт

а а а

Лидерот на британската Конзервативна партија Борис Џонсон, денеска стана и официјално нов премиер на Велика Британија.

Џонсон во своето прво јавно обраќање од Даунинг стрит порачал дека неговата работа е да му служи на народот и дека Британија ќе ја напушти Европската унија на 31-ви октомври.

„Британците долго време чекаа и конечно дојде време да добијат силен лидер. Моја работа е да ви служам вам на народот“, рекол тој.

Од Бакингемската палата претходно беше соопштено дека Џонсон ја прифатил понудата на кралицата Елизабета втора да стане премиер на Велика Британија.


Џонсон испратил порака до Европската унија, велејќи дека сака договор, но исто така и дека е подготвен да ја напушти ЕУ без договор.

„Не затоа што така сакам, туку затоа што е разумно да се биде подготвен за такво нешто“, порачал тој.

Тој додал дека Велика Британија ќе биде подготвена за секој исход.

Џонсон се обврзал и да работи на националниот здравствен и социјален систем.

„Дојде време да се дејствува, да се одлучи, да се даде силно водство и нашата земја да се смени на подобро“, заклучил тој.

Откако Џонсон стана нов лидер на британската Конзервативна партија, уште четворица други министри во владата на земјата поднеле оставка. Тоа се вкупно шест министри кои поднеле оставка од своите позиции, пренесуваат агенциите.


Исто така, Европскиот парламент го предупредил новиот британски премиер за „економски штетните последици“ од излезот на Велика Британија од членството во Европската унија без договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг