Тешка повреда на Асенсио, пропаѓа ли договорениот трансфер на Себаљос во Арсенал?

Дерби

24/07/2019

12:03

1.991

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид го совлада тимот на Арсенал во синоќешниот натпревар од Интернационалниот куп по изведувањето на пеналите откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 2:2.

Сепак, она што фрли сенка на случувањата на теренот е повредата на Марко Асенсио кој во еден дуел со Обамејанг заработи потешка повреда на коленото.

Одличниот фудбалер со амбулантно возило мораше да го напушти стадионот во Мериленд, а првичните прогнози се дека тој веројатно ќе пропушти голем дел од новата сезона.

##https://twitter.com/RMadridHome_/status/1153836080912748544##

Тоа би можело да биде удар и за таборот на Арсенал кој веќе го имаше договорено преминот на Дани Себаљос од Реал Мадрид како позајмен фудбалер.

Сега, Зидан ќе ја разгледа опцијата да го остави Себаљос по празнината која ќе настане со неиграњето на Марко Асенсио.

Со коментар за целата ситуација се јави и Унаи Емери, тренерот на Арсенал кој претходно не криеше дека се блиску до ангажман на младиот шпански фудбалер.

– Не знам дали оваа ситуација го менува прашањето околу преминувањето на Дани Себаљос во нашите редови. Можам да кажам дека многу ми е жал за повредата на Марко Асенсио, - кратко одговори Емери.

Свој коментар даде и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој потврди дека повредата на Асенсио е тешка и посочи дека за иднината на Себаљос повеќе ќе се дознае во наредните неколку денови.

– Загрижени сме, го повреди неговото колено. Тој веднаш замина во болница на испитувања, и ќе видиме што ќе биде, но мора да кажам дека изгледа лошо. Жал ни е за Марко. Околу Себалјос, ништо уште не е официјално. Клубот работи на тој случај, и ќе видиме што ќе се случи во следните денови, – заклучи Зидан.

##https://twitter.com/RMadridHome_/status/1153825643303333889##



Спонзорирани линкови

Маркетинг