Со ова Ким ќе удри на противниците: Севернокорејскиот лидер ја обиколил новата и моќна подморница, детално известен за нејзините можности

Точка

23/07/2019

18:01

3.745

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја обиколил новата подморница, а посебно внимание посветил на нејзините борбени системи.

Ким подморницата ја обиколил една недела откако Пјонгјанг го предупредил за скорешните воени вежби на Јужна Кореја и САД. 

Државната агенција КЦНА денес пренела дека таа подморница ќе биде распоредена во Јапонското море, но без изнесување на детали за нејзината опрема и локацијата за инспекција.

"Врховниот лидер ги слушна сите детали за нејзините оперативни и тактички способности како и за борбените системи", навела КЦНА.

Северна Кореја минатата недела предупредила дека заеднички воени вежби на Вашингтон и Сеул би можеле да имаат последици по најавената обнова на преговори со САД, како и дека Пјонгјанг би можел да го укини мораториумот на ракетни и нуклеарни проби.

Ким и претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец се сретнале во Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи и се согласиле да ги продолжат разговорите по неколку месеци блокада. Меѓутоа, во меѓувреме немало состанок меѓу двете страни.

Во Јужна Кореја се наоѓаат околу 30.000 американски војници, а нивните годишни маневри со десетина илјади јужнокорејски војници секогаш предизвикуваат бес кај Пјонгјанг.

Северна Кореја тие маневри ги смета за "генерална проба" за инвазија на нејзината територија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг