Катица Јанева со обраќање пред јавноста за случајот „Рекет“

Макфакс

23/07/2019

13:02

4.221

Големина на фонт

а а а

По една недела избегнување на јавноста, шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева денеска ќе одржи прес-конференција каде ќе треба да каже дали е вмешана во случајот „Рекет“, каде осомничени се Боки 13 и Зоки Кичеец.

Јавноста прашува, а Јанева ќе треба да одговори дали ја злоупотребила службената положба, откако се обзнани дека Боки 13 ја користел својата блискост со обвинителката за да олесни положба на бизнисмен во случајот „Империја“.

Јанева отвори боледување во вторникот, по што отсуствуваше од работа. Претходно, полицијата ѝ одзеде еден од двата телефонски уреди кој го даде на вештачење, за да се утврди комуникацијата меѓу неа и осомничените во „Рекет“, но и поради прибирање на други докази кои можат да послужат во постапката.

Денеска Обвинителството соопшти дека е пронајден и вториот телефон на Јанева, за кој нејзиниот син Лазар Јанев велеше дека е изгубен во Белград, а полицијата го пронашла кај лице кое рекло дека го добило како подарок. Телефонот е пронајден преку IMEI кодот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг