Трамп вели дека тврдењето на Иран дека уапсиле шпиони на ЦИА е лага

Макфакс

22/07/2019

16:19

1.479

Големина на фонт

а а а

Извештајот на Иран дека уапсиле шпиони на ЦИА е сосема неточен. Нема ни зрно вистина во него. Само нови лаги и пропаганда лиферувани од религиозниот режим, кој е неуспешен и нема идеја што да прави, тврди американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“, пренесува РТ.

„Нивната економија е мртва и ќе биде уште полошо. Иран е во тотален хаос!“ додаде Трамп.

Твитот на Трамп следи по изјавата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, кој претходно го отфрли сопштението дека Иран уапсил 17 шпиони кои работеле за американската ЦИА и осудил дел од нив на смртна казна.

„Иранскиот режим има долга историја на лажење”, рече Помпео во интервју за „Фокс њуз“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг