Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама на САД, Меланија Трамп, ги угостиле американските спортисти кои учествувале на Светските летни игри на Специјалната олимпијада.
Со спортистите се дружеле во Овалната соба на Белата куќа и се фотографирале за спомен. Иако станувало збор за неформално дружење, американската прва дама повторно била облечена во елегантна дневна комбинација во свој стил.
Одлично скроени панталони и сако во црна боја комплетирани со едноставна бела кошула.
Комбинацијата била завршена со чевли по кои Меланија е препознатлива, салонки на висока потпетица, а овојпат избрала пар потпетици од црна кожа.
Убавата Словенка уште еднаш покажала дека оваа класична комбинација навистина функционира во сите можни прилики во кои сакаме децентен изглед со безвременска елеганција.