Лозано: Да се потрудиме ова лето да се памти

Точка

19/07/2019

11:58

2.901

Големина на фонт

а а а

Влатко Лозаноски-Лозано ќе биде првиот македонски изведувач што одржал концерт на охридскиот стадион „Билјанини извори“ на 2-ри август со почеток во 21 часот, по повод празникот Илинден.

Билетите за концертот можат да се најдат на сите продажни места на „Купи карти за се“, во „Југотон“, во цвеќарницата „Розе“ и на охридскиот Плоштад по цена од 300 денари. 

Какво е чувството да се биде првиот македонски изведувач кој ќе настапи на охридскиот стадион? 

Лозано: Прекрасно чувство. Предизвикот е голем, но секако и одговорноста. После успешниот концерт, во март во Борис Трајковски, добивме прилика да се пробаме и на стадионот во Билјанини извори во Охрид. Интересот за концертот е голем, верувам дека ќе има голем број на публика и дека ќе биде вечер за паметење.  


Кои песни ќе бидат на репертоарот, со оглед поводот - Илинден. Ќе слушнеме ли и нешто изворно? 

Лозано: Сепак нека биде изненадување, но секако дека ќе се чујат моите најголеми хитови која ја одбележаа мојата кариера, како „Километри“, „Јако Јако“, „Мандарина“, „Сонце не ме грее“, „Мајко“, „Нема ден“, „Нема ноќ“ и многу други.  

Која изворна песна „ти лежи“ тебе? 

Лозано: Немам конкретно омилена песна, има многу убави македонски песни, сите се убави на свој начин… имам испеано многу песни кои можат да се најдат на Јутјуб.  

Има ли случка од одмор во Охрид која би нѝ ја раскажал? 

Лозано: Моето родно место е многу блиску до Охрид и често го посетувавме како деца во летниот период. Обично со моите родители ја посетувавме плажата Св. Стефан, како дете обожавав да сум во вода, да сум на плажа и да играм со топка, не ме држеше место … Често одевме да се возиме со педалинка, да јадеме сладолед во вечерните часови, да се дружиме со другите деца од други градови.  

Твое омилено место во Охрид? 

Лозано: Како и песните, морам да кажам дека Охрид е преубав и има многу прекрасни места и во моите видеа често е гостин во моите песни, поради фактот дека мојот режисер кој што соработувам овој период е од Охрид, Даниел Јовески, така да уште полесно можат да се посетат скоро сите убави места во Охрид. 


Каде ќе се одмара Влатко ова лето? 

Лозано: Се уште немам отидено на прав одмор, поради обврските кои ги имав овој период, но најверојатно тоа ќе биде на море.  

Што би ѝ порачал на публиката по повод концертот и колку ќе трае? 

Лозано: Да го посетат Охрид за време на празникот Илинден, да си понесат намевки и позитивна енергија и на 2-ри август. Тоа што можам да гарантирам е дека најмалку што ќе трае е два часа и да се потрудиме сите заедно ОВА ЛЕТО ДА СЕ ПАМТИ.  

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг