Варан знае што ќе биде клучот во новиот Реал: Најважна е една работа

Дерби

18/07/2019

18:50

1.737

Големина на фонт

а а а

Рафаел Варан беше играчот на Реал кој беше решен да си замине од клубот на средина на минатата сезона, но сепак враќањето на Зинедин Зидан направи голем пресврт во цела оваа ситуација, па така францускиот стопер ќе има важна улога во првиот тим и во новата сезона, односно новиот проект на Зизу.

Францускиот стручњак најави далеку поинаков пристап во играта и дури и друг систем за новата сезона, но според Варан, повторно најважен и клучен сегмент ќе биде тимскиот дух, односно заедничката работа на сите играчи на теренот, започнувајќи од одбраната, па се до нападот.

– Индивидуално гледано, сакам да бидам на најдобро можно ниво и мислам дека сум на добар пат. После подолго време, имав добар одмор и сега работима максимално на подготовките за да дојдам до посакуваната форма. Сите сме задоволни од првиот дел од подготвоките, работиме на физички план и добиваме позитивни импресии за новите играчи. Полека но сигурно, ќе го кренеме ритамот и нивото. Што се однесува до новата сезона, најважна ќе биде работата како тим. Мора да бидеме сплотени на теренот, да притискаме заедно, да се браниме заедно, да создаваме опасност заедно, – порачува Французинот од Монтреал за официјалната телевизија на клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг