Торта која не се пече: Десерт од малина подготвен за само 15 минути

Точка

18/07/2019

14:10

5.206

Големина на фонт

а а а

На овие жешки летни температури ќе ви годи оваа освежувачка тортa која се подготвува за само петнаесеттина минути и е превкусна за јадење.

Состојки:

- 500 милилитри слатка павлака;
- 400 грама кисела павлака; 
- 150 грама шеќер; 
- 500 грама мелени бисквити;  
- 500 грама смрзната малина.  

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака како шлаг, па потоа измешајте ги киселата павлака и шеќерот. Мешавината од кисела павлака и шеќер додадете ја во слатката павлака, па убаво измешајте. На таа смеса додадете бисквити и сè соединете убаво. Доколку смесата е доволно густа додадете млеко, па потоа повторно измешајте. На крајот додадете ги малините кои мора да бидат смрзнати затоа што смесата се меша, а потоа повторно се става во калапи.

Целата смеса ставете ја во фрижидер да се излади убаво (околу 1 час), а потоа може да сервирате и да уживате во ова слатко задоволство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг