Барселона не сака да плати ниту едно евро за Нејмар

Дерби

17/07/2019

19:20

1.733

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот репрезентативец, Нејмар повторно е во центарот на вниманието, а причината за тоа е неговата иднина поточно обидот да си замине од Пари Сен Жермен.

Повеќе опции се споменуваат како можна дестинација, но далеку пред сите е Барселона, клуб во кој Нејмар мина неколку одлични години и според информациите има голема желба да се врати. Тој веќе јасно му соопштил на клубот дека сака да си замени, но прашање е дали тоа ќе може да се оставари со оглед на тоа што „светците“ имаат високи барања за него.

Барселона засега е мирна и внимателна, а една е од причините е секако катастрофалниот однос што го има со францускиот шампион. Иако во јавноста веќе се споменаа неколку понуди кои наводно ги дале каталонците тоа по се изгледа не е вистина затоа што секогаш добро информираниот „Мундо Депортиво“ денеска соопшти една интересна вест.

Каталонците во овој преоден рок потрошија огромна сума на пари за потписите на Антоан Гризман (120), Френки Де Јонг (75+11) и голманот Нето Мурара, па немаат намера по секоја цена да се борат за Нејмар, поточно нивната цел е да не дадат ниту едно дополнително евро за напаѓачот.

Според „Мундо Депортиво“ единствен начин на кој може да се дојде до здела е размена на играчи како на пример Кутињо плус Умтити за Нејмар или пак сценарио „глава за глава“ во кое би биле вклучени Бразилецот и Усман Дембеле за кого првиот човек на Барселона, Бартомеу посочи дека е подобар од сегашната ѕвезда на ПСЖ.

Останува да видиме како ќе заврши оваа трансфер драма и колку истата ќе трае со оглед на тоа што најдобро решение за сите страни е да се дојде до договор од кој сите би биле задоволни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг