Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Макфакс

17/07/2019

17:52

2.529

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа значи дека Бојан Јовановски и Зоран Милевски како осомничени, остануваат во 30 дневен притвор.

„Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15.07.2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост. На 15.07.2019 год. постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против две лица кои беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти судот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг