Лубеницата може да биде уште повкусна: Користете само една состојка која ја имате во кујната, а нема да верувате за што станува збор

Точка

17/07/2019

13:20

2.503

Големина на фонт

а а а

Лубеницата за многумина е омиленото овошје во текот на топлите летни денови. Со уште една состојка која сигурно ја имате во кујната лубеницата ќе стане уште посочна и повкусна.

Веројатно нема да верувате кога ќе ви кажеме дека лубеницата станува многу повкусна кога ќе ѝ додадете малку сол.

Лубеницата најмногу освежување во текот на летото им носи на нејзините обожаватели. Таа е добра за здравјето, а една од нејзините најголеми предности е тоа што го хидрира организмот.


Кога и да ви биде потребно нискокалорично слатко задоволство најдобро е да посегнете по лубеница.

Со еден неочекуван додаток лубеницата ќе стане уште повкусна и посочна: исечените парчиња лубеница едноставно зачинете ги со малку сол. Освен што на лубеницата ќе ѝ даде неодоллив слатко-солен вкус, што дополнително ќе го изрази благиот вкус на лубеницата, вие повеќе ќе ја засакате лубеницата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг