Рап маркетинг на албанската мафија: Со фотографии од “бесни“ автомобили, пијалоци и многу кеш на Британците им испраќаат морничави пораки

Точка

17/07/2019

08:48

2.748

Големина на фонт

а а а

Пред два автомобили “ролс ројс“ и едно “ламборџини“, околу кои е распоредена група маскирани мажи, албанскиот рапер Стелт испраќа застрашувачка порака: „Ќе ве “кркнеме“ затоа што на Албанците не им треба причина. Сакаат да нè фатат, но овие Албанци никој не може да ги фати“.

Видеото пружи застрашувачки увид во делувањето на албанската мафија во Велика Британија. Сега тие користат интернет пропаганда за да ги врбуваат новите членови.

Во спотовите има калашникови, маси полни со пари, златни “ролекс“ часовници за да ги убедат криминалците од Албанија илегално да влезат во Велика Британија и да се придружат на нивната мрежа.

Главниот извор на заработка на албанската криминална империја е средниот Британски слој кој се занимава со дрога, а кој веќе пет години ја контролира трговијата со кокаин во Велика Британија.


Албанската мафија е позната по насилството и има правила на однесување: “бесот“ ги обврзува членовите на лојалност и исполнување на ветувањата, а “канонот“ им дава одврзани раце за одмазда.

Извештајот од Фондацијата на Отвореното општество од Албанија ги идентификуваше Британија, заедно со Белгија, Грција, Шпанија и Италија како држави во кои делуваат професионални албански платени убијци.

„Убиството во Велика Британија чини помеѓу 110.000 евра“ - се наведува во извештајот.

Спотот за песната „Hood Life“ првпат е објавен на Јутјуб пред две години, имал повеќе од десет милиони прегледи. На него се гледаат маскираните мажи, кои делуваат застрашувачки.


„Мои Албанци, држете се до калашников, Албанците сакаат да ве “сотрат““ - пее раперот Ервин Селит (26), наречен Винз.

„Сите ваши Албански п***и мислат дека се Рамбо. Сите мои вистински Албанци водат нарко-бизнис“.

„Е**ш полиција, јас ги следам своите сонови“ - пее раперот.

Истражувањето покажува дека Албанците првпат се најголемата група странски државјани во британските затвори (моментално ги има 802).

Мафијашите позади решетките илегално користат мобилни телефони за да разговараат едни со други, а потоа тие разгоори ги објавуваат на интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг