Ќерката на Трамп шокирала со изгледот – што ѝ се случило?

Точка

16/07/2019

20:14

6.473

Големина на фонт

а а а

25-годишната ќерка на Доналд Трамп, Тифани Трамп, пристигнала во Црна Гора и се сместила во најскапиот хотел “Regent” во Тиват.

Со партнерот Мајкл Булос, таа престојувала во луксузен апартман во кој едно ноќевање чини неколку илјади евра, пренесува српскиот “Blic”. 

Но, јавноста веднаш забележала промени кај ќерката на американскиот претседател. Имено, таа “накачила” неколку килограми, а судејќи по коментарите, фановите биле шокирани и од нејзиниот изглед без шминка.


“Што ѝ се случило? Барем таа има доволно пари за да може да вложи нешто во себе. Меланија е 20 години постара, а изгледа двојно подобро”, се само некои од коментарите кои се појавиле по објавените фотографии.


За потсетување, најмладата ќерка на Доналд пред четири месеци го посети и Белград, а се зборуваше и дека требало таму да се венча. Сепак, плановите за тајната венчавка на крајот пропаднале бидејќи Тифани и Мајкл не очекувале дека српските новинари ќе ги откријат и препознаат.


“Тифани отсекогаш била поинаква, ја привлекуваат несекојдневни работи и необични авантури. Таа и нејзиното момче се веќе две години во врска и добиле луда идеја тајно да се венчаат во текот на ова патување, и тоа во земја каде никој не ги знае. Биле уверени дека Србија е вистинскиот избор”, открил извор за српскиот “Kurir”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг