Иранскиот лидер им се закани и на Британците: Ни го украдовте бродот, ќе бидете казнети!

Точка

16/07/2019

14:33

1.639

Големина на фонт

а а а

Иранскиот врховен верски лидер Али Хамнеи изјави денес дека Иран ќе одговори на „пиратските активности“ на Велика Британија после заплената на иранскиот нафтен танкер во Гибралтар.

Иранските власти ја повикаа Велика Британија веднаш да го ослободи нафтениот танкер кој беше запленет од страна на британските кралски маринци поради сомнение дека ги прекршува европсктие санкции затоа што превезувал нафта во Сирија.

„Злобните Британци извршија пиратство и го украдоа нашиот брод“, изјави Хамнеи во обраќањето кое го пренесуваше иранската државна телевизија.


Хамнеи порача дека Иран и сите кои што веруваат во нивниот систем нема да остават такви злодела да поминат неказнето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг