Светот “полуде“ по новиот тренд со виткачот за трепки, а никој не сфаќа колку е опасно тоа

Точка

15/07/2019

17:45

4.512

Големина на фонт

а а а

Неверојатно, но луѓето навистина го прават ова. Дерматолозите ги предупредуваат девојките никако да не го копираат советот од виралната снимка која се прошири на интернет.

Снимката на каналот „5 Minute Magic“ кој има речиси 3 милиони сабскрајбери прикажува мажи кои со помош на виткач за трепки ги стискаат мистерите, но и девојка која со помош на виткач за трепки ја зголемува горната усна.

Видеото е прегледано 2 милиони пати, додека некои се импресионирани од овие трикови тврдејќи дека навистина има ефект, експертите предупредуваат ова никако да не го правите.


Зошто?

Вакви совети може да ве доведат до сериозни здравствени проблеми и компликации како инфекции и внатрешно крварење.

„Стискање на митисерите со виткач за трепки може да тргне кон обратен правец и гнојот може да навлезе подлабоко во внатрешноста на кожата. Освен тоа ризикувате и со разни инфекции и крварење“ - вели Антон Александров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг