Тренерот на Ајакс потврди дека Де Лихт го напушта клубот: Знаевме дека ќе се случи ова

Точка

15/07/2019

16:12

1.167

Големина на фонт

а а а

Младиот холандски фудбалер после одличната сезона во Ајакс доби неколку понуди од најголемите европски клубови, а на крајот се одлучи да се пресели во Јувентус.

Наводно Де Лихт веќе постигнал договор со управата на торинскиот клуб и наскоро ќе биде официјализиран неговиот трансфер во Јувентус.

Дека Де Лихт ќе го напушти Ајакс ова лето потврди и тренерот на холандскиот клуб, Ерик Тен Хаг.

„Знаевме што ќе се случи и дека Де Лихт ќе го напушти клубот. Тој е одличен играч и сега ќе мораме да најдеме замена за него, нешто што воопшто нема да биде лесно“, изјави Тен Хаг кој не откри каде младиот стопер ќе ја породлжи кариерата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг