Оваа салвадорска банда е помоќна од државата: Вработува 60.000 луѓе, само од рекет има милијарди долари, а од неа стравува и Америка

Точка

15/07/2019

19:13

7.538

Големина на фонт

а а а

MS-13 е најопасна банда од Ел Салвадор, но многумина ја сметаат за најопасна банда на светот. Според пишувањето на "Newsweek", MS-13 вработила, односно за разни работи најмила 60.000 луѓе, кои за MS-13 работат како шпиони, дилери, убијци и слично. Тоа е три пати повеќе од 20.000 Салвадорци кои работат за двете најголеми компании во државата.

MS-13 го држи цел Ел Салвадор под контрола заедно со бандата "Barrio 18". Како што пишува "Wallstreet Journal", дури и политичарите и нивните партии мора да бараат дозвола од двете банди кога некој сака да направи партиски собир. Бандите контролираат и села во кои му се закануваат на населението дека ќе им го запали посевот ако не им платат. 

MS-13 месечно заработува речиси милијарда од таквите изнуди, кои не се ограничени само на земјоделие туку и на други гранки и трговија. Организираниот криминал во Ел Салвадор, но и во останатите земји на "северниот триаголник", Хондурас и Гватемала, станал профитабилна работа, а се претпоставува и дека во трите држави повеќе од 100.000 луѓе се вклучени во криминални дејствија.

Стапката на убиства во Ел Салвадор пред две години била највисока на светот - дури 83 убиства на 100.000 жители. Овие податоци повторно станале актуелни поради големите мигрантски колони, во кои најмногу има луѓе од Салвадор, а кои одат кон мексиканско-американската граница.

"Тие луѓе бегаат поради ваквите работи. Што и да прават, живот во Салвадор практично нема. Од една страна имате банди кои сигурно ќе бидат закана за вашата работа и егзистенција, а од друга страна имате 30 проценти од луѓето кои завршуваат училиште, но не можат никаде да најдат работа", рекол Адам Исаксон, безбедносен аналитичар за Јужна Америка. Мигрантите од Ел Салвадор тешко дека ќе дочекаат добри вести на границата, со оглед на тоа дека американскиот претседател Доналд Трамп најавил дека ќе прати војска на границата, а Трамп неколку пати бандата MS-13 ја користел како аргумент за цврстата политика против мигрантите од Јужна Америка.

Белата куќа во мај објавила дека се заоструваат мерките против илегалните мигранти, а тогаш посебно ја апострофирале MS-13, нарекувајќи ги "диви животни". Имено, истрагата отворена на почетокот на годината открила дека лидерите на MS-13 тесно соработуваат со бандите во САД, каде често доаѓаат претставници на салвадорските банди. Целта е ширење на територијата, а со истрага е откриено дека добар дел од членовите на MS-13 се американски државјани, што кажува дека бандата се ближи до својата цел да има што повеќе луѓе на американска територија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг