Летна фантазија на вкусови: Овошен десерт со крем од ванила!

Точка

13/07/2019

20:27

3.419

Големина на фонт

а а а

Направете мини торта во комбинавија со лимон, бисквити и ванила, која ќе ги воодушеви вашите најблиски.

Бисквити од лимон:

- 3 јајца;
- 150гр. шеќер;
- 1 ванилен шеќер;
- 200мл. јогурт;
- 150мл масло;
- изрендана кора од 1 лимон;
- брашно;
- 1 прашак за пециво. 

Крем од ванила:

- 300мл. млеко;
- 1 пудинг од ванила;
- 3,4 лажици шеќер;
- 30гр. путер или маргарин;
- 1 ќесичка шлаг во прав. 


Подготовка за бисквитот:

- изматете ги пенесто јајцата со шеќерот, ванилниот шеќер и додадете ги јогуртот и маслото;
- додадете ја изренданата кора со лимон и брашното, па прашакот за пециво;
- калапите за мини тортички наполнете ги малку повеќе од половина. 

Подготовка за кремот:

- направете го пудингот со шеќер во 300мл. Млеко, како што го правите секогаш;
- растопете го путерот и потоа оставете го да се лади;
- кога целосно ќе се излади, измешајте ја и ќесичката со шлаг во прав;
- бисквитот наполнете го со разладениот крем и украсете го со овошје по желба. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг