Ким Јонг Ун стана претседател на државата: Северна Кореја го промени Уставот, еве и зошто

Точка

12/07/2019

12:50

4.520

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја донесе нов устав во кој официјално го именуваше Ким Јонг Ун како шеф на државата и главен командант на севернокорејската армија.

Според аналитичарите, постои можност целта на новиот устав на Северна Кореја да е дел од подготовките за мировен договор со САД, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Северна Кореја долго повикуваше на мировен договор со Соединетите Американски Држави за да се нормализираат односите помеѓу овие две земји и да се стави крај на технички војната која се води и трае од завршувањето на Корејската војна. Имено, по завршувањето на Корејската војна во 1953-та година, беше потпишано примирје, но не и мировен договор.

Во новиот устав кој го објавија севернокорејските државни медиумие е наведено дека Ким е претседавач на Комисијата за државни работи, највисоко управно тело воспоставено во 2016-та година, како и врховен претставник на корејскиот народ, што значи и шеф на државата и главен командант.

Во претходниот устав, Ким беше означен како „врховен лидер“ кој што има команда над сите воени сили на Северна Кореја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг