Моден тренд на плажа за ова лето

Точка

12/07/2019

10:28

3.407

Големина на фонт

а а а

Едноделните костими за капење се ИН ова лето надополнети со шешири и масивни дрвени алки се вистинска „драма“ вели модната дизајнерка Ивана Кнез и советува да го следите сопственото тело при одбирање на костимот за капење. Да не се почувствуваат дикриминирани мажите има препораки и за нив: колку шорцот е пократок толку подобро.

Какви костими за капење се ин ова лето (Дизни апликации можеби)? 

- Едноделни модели на костими со специфична форма, моно боја, луксузен финиш. Нешто што наликува на модел изваден од моментален Vogue. Се повеќе личен печат, помалку ствар во експресија и желби и следете го сопственото тело при одбирање на костимот за капење.

Какви наметки, фустани препорачуваш или можеби "играње" со марами, бои, дезени? 

- Марамите се надвор од светските трендови, акцентот е на парчиња кои делуваат како да се дел од секојдневна гардероба, лелеави кимона и маркантни принтови.


Од модни додатоци (шешири, накит, марами)? 

- Шеширите се секогаш во тренд, оваа година се е една голема „драма“, широки ободи, пластични или масивни дрвени алки, сандали со специфични детали, се што е забележливо и светкаво.

Како не треба да се облекуваат, модни промашувања? 

- Шминка, високи потпетици, костими за капење кои ве кријат, се што е неприродно и вештачки е комплетно аут.

А што препорачуваш за мажи на плажа? 

- Колку е шорцот пократок, толку е подобро. Јаки бои, впечатливи дезени и добри очила за сонце се се што ви треба.


(A.B)



Спонзорирани линкови

Маркетинг