Инстаграм има нови алатки против злоставување...

Точка

11/07/2019

16:39

2.076

Големина на фонт

а а а

Користејќи вештачка интелигенција, една од новите алатки на Инстаграм ќе препознаат потенцијално злоставувачка објава и ќе ве предупредат за да ви дадат време за размислување и премислување.

Од Инстаграм смислија нови начини за борбата против злоставувањето на корисниците. Една од нив е опцијата “Restrict” која функционира слично како опцијата “Mute” на другите социјални мрежи.

Имено, ако опцијата “Restrict” ја употреби, на пример „Корисникот А“, за да го ограничи „Корисникот Б“, тоа значи дека коментарите на „Корисникот Б“ на објавите на „Корисникот А“ повеќе нема да бидат видливи освен за „Корисникот Б“. Исто така, „Корисникот Б“ повеќе нема да може да види дали „Корисникот А“ ги прочитал неговите пораки и дали е онлајн, а нема ниту да знае дали „Корисникот А“ го ставил на листата со “Restrict”.


Накратко, тоа е помалку драстичен облик на блокирање – ја намалува можноста за интеракција со вас и јавно коментирање на вашите објави, а притоа воопшто не мора да го избришете.

Втората алатка користи вештачка интелигенција за откривање на потенцијално спорни коментари и го предупредува авторот на тоа пред да ги објави, со цел да му даде шанса да размисли дали тоа навистина сака да го објави.

Повеќе детали можете да пронајдете на официјалниот блог на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг