Заев: Пранковите од комичари не значат дека Русија води специјална војна против земјава

Макфакс

11/07/2019

12:05

687

Големина на фонт

а а а

Овие пранкови и местенки кои ми беа направени мислам дека се приватни, а не акти на Руската Федерација, рече Заев на отворање на бензинска пумпа во Арачиново, настан на кој присуствуваше и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

„Не смеат вакви работи да се испречат пред нашите пријателски односи со Русија“, порача премиерот и додаде дека Русија не води специјална војна против Северна Македонија.

Заев потврди дека со рускиот амбасадор денес ќе имаат средба договорена од пред десетина дена. Пред новинарите објасни дека вчера разговарал со Тачи и Вучиќ и им се извинил ако некој се навредил од изјавите за Косово и Србија во објавениот телефонски разговор со лажниот Порошенко.

Рускиот амбасадор Баздникин, кој присуствуваше на отворањето на бензиската пумпа, си замина без изјава за медиумите.

Во дел од говорот на настанот амбсадорот рече дека Русија е заинтересирана за инвестиции и соработка со Северна Македонија и дека сакаат продлабочување на соработката на, како што кажа тој, двата братски народа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг