Нова опасност ѝ се заканува на Европа: Германија ги затвора училиштата, Шпанија очајна! Нема одбрана од оваа инвазија

Точка

08/07/2019

15:37

22.166

Големина на фонт

а а а

Благата зима и топлата пролет довеле до зголемен број на гасеници. Во Белгија пожарникарите морале да уништат едно гнездо од инвазивен вид пред рок концерт. Тие се претвораат во чаури кон крајот на јуни и тогаш опасноста престанува.

Најлошо погоден регион е германски Рур, а некои училишта и паркови се затворени за научниците да можат да ги нападнат нивните гнезда. 

Гасениците со големина од два до три центиметри навечер маршираат во долги процеси до крошни, и можат да направат пустош од стеблата, бидејќи се хранат со млади листови. Една возрасна гасеница има 700.000 влакненца кои се шират со помош на ветерот. Паркот во Дортмунд бил затворен три недели бидејќи било откриено дека речиси 500 стебла од дабови биле заразени, пишува "BBC. "Заразата на дабовите оваа година е многу интензивна, многу повеќе од минатата година", рекол управникот на паркот, Франк Дарч.

Специјални тимови донирале заштитна облека и употребиле пожарникарска опрема за да дојдат до крошните, и ги нападнале нивните гнезда со разни апарати. Во Холандија инвазијата оваа година е исто така зголемена, а на интернет кружи снимка како една постара госпоѓа ги напаѓа гасениците со фен.

Гасениците се прошириле и кон Луксембург, а градските власти издале предупредување за здравјето, бидејќи освен во богатата природа може да се најдат и во градот. Минатата година имало и проблеми во делови од Англија.

"Секогаш кога ќе отвориме прозори во нашето одморалиште на Корзика, доаѓаат и тие. Многу се одлучни да влезат во нашите простории. Бидејќи знаеме дека се опасни по здравјето, голем дел од времето минувавме фрлајќи ги надвор. Кога ќе го завртите грбот доаѓаат повеќе и повеќе. Сопствениците на куќите во кои бевме не се грижеа многу", вели Мат МекГрат.

Во Шпанија, на подрачјето меѓу Астуриас и Мадрид, оние на боровите се многу поголем проблем. Сличен вид се, но живеат на медитеранските борови, а не на дабовите. Каква е опасноста? Малите влакненца ги распрашува ветерот и содржат отров кој може да предизвика осип, иритација на очите, кашлање и алергиска реакција. На нивните гнезда се многу опасни за допирање. Посебно загрозени се кучињата, кои душкаат по дрвјата во парковите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг