Лаказет: Арсенал треба да заборави на титули, треба да се фокусира на една работа

Дерби

06/07/2019

17:07

1.625

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Арсенал и во нареднава сезона нема да биде дел од Лигата на шамионите, односно мора повторно да игра во Лига Европа. Тоа секако е удар за клубот од северен Лондон и тоа се гледа и по скромниот буџет кој го има на располгање за овој преоден рок, буџет кој дефинитивно не е доволен за да се дојде до играчи кои ќе можат да ги однесат „топчиите“ на самиот врв.

Меѓутоа тоа според Александре Лаказет не ни треба да биде амбиција на Арсенал, поточно верува дека тимот треба да заборави на титули во наредните сезони и да се фокусира на една цел-пласман во елитното натпреварување.

-Клуб како Арсенал мора секоја сезона да игра во Лигата на шамионите. Ќе почнеме да размислуваме за освојување на најголемите титули за неколку сезони, ама прво мораме да се осигураме и да бидеме констатни во ЛШ, -рече Лаказет со кого се согласува и Пјер Емерик Обајеманг.

-Тоа мора да биде главна цел за Арсенал во следната сезона. Доаѓате на тренинг и сите размислуваат за тоа. Гладни сме повторно да ја чуеме таа песна. Време е. Имаме квалитет за тоа, па мораме тоа да го направиме, -истакна Габонецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг