Тинејџер тргнал на летување, а неговата мајка му дала урнебесни совети: “Доколку мораш да се тетовираш, стави тетоважа на задникот”

Точка

05/07/2019

16:01

2.846

Големина на фонт

а а а

Објавата на 18-годишниот Британец Финли Броки на социјалните мрежи станала вирална ширум светот. Неговата мајка, пред тој да тргне на летување во Шпанија, во порака му напишала неколку урнебесни правила до кои, за негово добро, мора стриктно да се придржува.

Финли ги објавил урнебесните пораки на Твитер: 

“Ве потсетувам дека утре одите на летување на Мајорка, па морам да ви дадам неколку совети”, напишала неговата мајка Лиза пред да почне да набројува што сè тинеjџерите не смеат да прават.

“Немојте да пиете пред да пристигнете на аеродром. Ако ве затекнат пијани, нема да ви дозволат да се качите на летот. Сетете се како беше кога тргнавте на концерт на Еминем, иако веројатно не се сеќавате на тоа”, гласи првиот совет.

Вториот совет се однесува на пасошите:

“Не носете пасош кога излегувате навечер за да не го изгубите. Во последните месец дена изгуби два привремени пасоша, потоа клучеви, кредитни картички, пари и паричник. Не може да се има доверба во вас. Ако го изгубите пасошот, нема да ви дозволат да се вратите дома, што не би било лошо за вас, но во тој момент ќе останете без пари”.

Третото правило, секако, се однесува на редовната исхрана:

“Не заборавајте да јадете и не штедете на храна само за да купувате алкохол”, напишала г-ѓа Лиза, додека во четвртото правило им препорачува да се држат понастрана од журките на бродови и оние во близина на базени бидејќи доколку паднат во вода, можат да се простат од своите телефони.


Потоа продолжила:

“Немојте да се тетовирате, а доколку веќе морате, ставете тетоважа на задникот. Бидејќи во староста ќе зажалите поради тоа, тоа место нема секојдневно да ве потсетува дека ја имате”.

Секако, тука е советот и за заштита за време на сексот:

“Користете заштита. Една ноќ забава не е вредна за гонорејата која би можеле да ја добиете и да страдате цел живот. Всушност, немојте да имате секс, не знаете со кој биле тие личности пред вас”.

Во седмото правило, Британката го потсетува синот да не ѝ ѕвони кога е пијан бидејќи во тој случај само ќе ја загрижи.


“Дури и ако во 3 часот наутро чуеш некоја наша омилена песна, немој да ми ѕвониш како што знаеш тоа да го правиш. Исто така, не ми е потребен видео повик рано наутро, со неповрзани приказни”, напишала Лиза.

За крај, еден вистински мајчински совет:

“Внимавајте едни на други и јавете ми се ако има некакви проблеми. Пробувам да сфатам кој е најразумен во вашето друштво, но и понатаму се борам со тоа. Те сакам повеќе од животот. Забавувај се и безбедно врати се дома”, напишала грижливата мајка.

Нејзините совети предизвикале бројни реакции на Твитер, воглавно позитивни коментари дека Лиза е единствена, најдобра мајка на светот и дека нејзините совети се нешто најдобро што тие некогаш го прочитале.



Спонзорирани линкови

Маркетинг