Битолчанец со автомобил удрил во 11-годишно девојче на велосипед

Макфакс

03/07/2019

17:40

1.149

Големина на фонт

а а а

24-годишно момче со автомобил удрило во 11-годишно девојче кое било на велосипед.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера во 19,25 часот на крстосница од улиците „Билбил камен“ и „Кирил Вангелов“ во Битола, кога М.А.(24) од Битола, со„Форд ескорт“, удрил во девојчето кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.