Најмоќниот Самсунг пристигнува за еден месец

Точка

03/07/2019

15:40

2.133

Големина на фонт

а а а

Официјалното претставување на новиот Galaxy Note 10 кое се шпекулираше дека ќе се случи во август, сега е потврдено.

Самсунг објави „тизер“ во кој се најавува “Unpacked” случувањето кое ќе се одржи на 7-ми август во Њујорк, што практично е идентичен датум кога минатата година беше претставен моделот Note 9.

Според гласините, новиот Note 10 ќе пристигне во две верзии – Galaxy Note 10 кој би требало да има екран со дијагонала од 6,3 инчи и Galaxy Note 10+ кој би требало да има 6,7 инчен екран.

И двата модели ќе имаат закривени рабови на екранот и централно поставена “punch hole” селфи камера. Покрај тоа, Note 10 серијата би требало да добие и 5G модел, но засега не е познато кога ќе пристигне на пазарот овој модел.