Ања Ветерова: Летово ќе ми биде кратко ама слатко

Точка

01/07/2019

09:56

4.500

Големина на фонт

а а а

Откако заврши прва година на „Беркли“ во Бостон, Ања Ветерова летово ќе го помине со пријателите и роднините. Грција, Бугарија, Хрватска, Италија и се планираните дестинациии за летен одмор. За кон крајот на летото повторно да се врати во нејзиниот како што вели втор дом во Бостон.

Каде ќе ги „полни батериите“ Ања ова лето? 

- Ова лето сум како турист. Се вратив од Америка и ќе останам тука во Европа три месеци. Тоа значи дека имам во план да патувам, да се дружам со моите пријатели, да ги видам роднините и да уживам во летото. Мора да се најде време и за рекреација, па јас се одлучив да одам кај нашиот сосед во Грција. Планирам да ги посетам и Италија и Хрватска до крајот на летото.


Концертите знаат да бидат незаборавно доживување, особено ако изведувачите „не се гледаат секој ден“?

- За неколку недели ќе одам да се забавувам и да ги пеам хит песните на Малума на неговиот концерт во Софија, Бугарија.

Твоите фанови очекуваат нешто ново и на музички план, ќе имаш време?

-  Во план за ова лето ми е да снимам неколку песни кога станува збор за мојата кариера. Тоа би можела да навестам само, рано е да се зборува за тоа, секако вашите читатели ќе бидат благовремено информирани кога ќе има нешто ново на музички план.

Кога се враќаш во Бостон?

- Ова лето за мене ќе биде кратко , но слатко, исполнето, бидејќи на крај на август се враќам назад во мојот втор дом во Бостон.


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг