ВМРО-ДПМНЕ: Ќе победиме на следните избори и ќе го вратиме владеењето на правото

Макфакс

30/06/2019

12:19

787

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото. По победата на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне ослободувањето на Македонија од овој режим, наведуваат во соопштение од опозициската партија.

Од таму додаваат дека ќе предложат нов закон за СЈО, во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата.

„Правосудните институции не смеат да се користат за политичка пресметка. Одговорност за секоја злоупотреба ќе има“, се истакнува во партиското соопштение. 

Во него се додава дека оваа влада нема капацитет да спроведе реформи, па затоа и не се почнати преговори со ЕУ. 

„Заев е на пат да ја загрози и европската иднина на државата, тој се што вети излажа. Вети метла, а по метлата се остана исто, само Тевдовски го нема“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од таму се сигурни дека СДСМ паѓа и како што велат, власта е уплашена па затоа прибегнува кон притисоци, закани и шиканирања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг