Суперхерој и во животот: Популарниот актер ја спаси обожавателката од фановите

Точка

27/06/2019

16:22

2.309

Големина на фонт

а а а

Актерот Том Холанд, најпознат по улогата на Спајдермен се покажал како вистински херој и во вистинскиот живот откако ја спасил обожавателката од другите фанови.

Нејзе фановите на Том речиси ја згазиле, обидувајќи се да добијат автограм од актерот.

Девојката на Твитер објавила кратка видео снимка и опишала дека групата мажи почнале да ја туркаат за да се пробијат до актерот така што “вратот ѝ бил залепен за оградата“.

##https://twitter.com/NamelessCass/status/1143299710792417283##

„Сè е во ред, тука сум“ - се слуша како актерот ѝ зборува, а потоа им се обраќа на фановите кои ја туркаат:

„Ќе ги исфрлам вашите глупости на под доколку не престанете да ја туркате“.

Девојката објавилаи фотографија која докажува дека тоа го направил, а тврди дека после тоа ѝ пришол за да ја смири затоа што ја фатило паничен напад.

„Тој ме смири затоа што се тресев и ја ризикуваше својата сигурност за да ми помогне. Пресреќна сум“ - напишала таа.

Инаку, Том на минатогодишните доделувања за Оскар ја спаси неговата колешка Џина Родригез која за малку ќе паднеше на грб во текот на нејзиното излегување на сцена.